Суперлига: МЗТ се израмни со Пелистер, „металците“ ја решија енигмата ТФТ

1 min read

МЗТ Скопје оствари убедлива победа во вечерашниот натпревар на домашен терен против ТФТ (104:81) со која повторно се израмни со Пелистер на врвот од табелата во македонската Суперлига со идентичен учинок 24-4.

Аеродромци веднаш му дадоа до знаење на противникот дека нема што да бара во СЦ „Јане Сандански“, па средбата ја почнаа со седум поени во низа, а до првото двоцифрено водство дојдоа по само пет минути од мечот (15:4). Тоа беше знак дека бодовите сигурно ќе останат во Аеродром, со оглед што во продолжение од средба играчите на Александар Петровиќ само ја зголемуваа позитивата.

Триумфот во ниту еден момент не беше загрозен, поради што тренерот Петровиќ имаше можност да ја распредели минутажата на што поголем број кошаркари, со цел ниту еден од нив да не е премногу оптоварен.

Роберт Рикиќ со 21 поен и седум скока и Немања Милошевиќ со 18 поени за исто толку минути беа најпрецизните во „сино-белиот“ табор.

На спротивната страна за ТФТ малку беа поените на Хортон, кој даде 28, како и оние 16 кои дојдоа од Костоски и од Смит.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

СУПЕРЛИГА – РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО

Гостивар – Еуро Никел 2005 78:70

Пелистер – Феникс 2010 100:58

МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ 104:81

ТАБЕЛА: Пелистер 24-4, МЗТ Скопје Аеродром 24-4, Гостивар 16-12, Еуро Никел 2005 16-12, ТФТ 15-13, Феникс 14-14.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Американската амбасадорка се врати во Киев

Следно

ВИДЕО | Неверојатен трик како јагодите да останат свежи и до две недели

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian