Скопјанец украл моторно возило и ги продал предметите најдени во него, полицијата го привела

1 min read

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 01.40 часот на ул.„Вашингтонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода А.М.(22) од Скопје.

Од полицијата информираат дека во моментот на лишувањето тој управувал товарно возило „Мерцедес Вито“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т.(67) од Скопје, за кое тој на 06.05.2002 пријавил дека му било одземено. Возилото било вратено на сопственикот. По преземени мерки биле пронајдени и предметите кои биле во возилото, а кои А.М. ги продал на повеќе лица. Предметите, исто така, биле вратени на сопственикот. Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

skopjeinfo.mk

Претходно

Прес на припадници на Азов од „Азовстал“: Нашето предавање би било подарок за непријателот

Следно

Селаковиќ: Западот ќе бара да го признаеме Косово, за Путин да нема аргумент

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian