Селаковиќ: Западот ќе бара да го признаеме Косово, за Путин да нема аргумент

2 mins read

Србија се обидува да донесе целосно независни одлуки во однос на својата судбина, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, додавајќи дека „во наши раце се постапките на Србија кога станува збор за одредени барања во процесот на евроинтеграциите”.

– Ние не воведуваме санкции кон Руската Федерација, но она што ни е приоритетна цел е побрз европски пат, да го промениме општеството, да го зајакнеме владеењето на правото, да привлечеме што е можно повеќе инвестиции, да бидеме некој што сериозно ја одржува финансиската дисциплина во јавните финансии во исто време кога тоа не можете да го најдете во речиси ниту една земја во Европа, изјави Селаковиќ за РТС.

Наведувајќи дека Србија мора да се прилагоди на одредени околности, европски, глобални, Селаковиќ оцени дека „во наши раце се постапките на Србија кога станува збор за одредени барања во процесот на евроинтеграциите”.

Како причини за влезот на Србија во евроинтеграциите, Селаковиќ наведе дека речиси 65 отсто од трговијата се одвива со членките на ЕУ, дека најголемите инвеститори и индивидуални донатори се од ЕУ, дека Србија има стотици илјади работни места поврзани со компании во сопственост на членките на ЕУ, дека четири од осумте соседи се веќе во ЕУ.

Тој кажа дека цената што треба да ја плати Србија е онаа што ја платиле другите земји кои влегоа во ЕУ.

– Мора да се обидеме да таа биде што помала, да добиеме што е можно повеќе за што е можно помалку, тоа е правило на рационален бизнис, правило на добра управа, кажа Селаковиќ.

Тој оцени дека Западот ќе бара од Србија да го признае Косово, за да можат да му кажат на рускиот претседател Владимир Путин дека нема правен преседан.

– Западот на одреден начин води политика која се движи кон тоа. Ќе се бориме да не оди во таа насока, ќе се бориме со сите дипломатски и политички средства, ќе се бориме уште посилно – изјави Селаковиќ на РТС.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец украл моторно возило и ги продал предметите најдени во него, полицијата го привела

Следно

Инцидент пред прволигашкиот натпревар Шкендија – Шкупи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian