СДСМ: Мицкоски промовира проекти на СДСМ, неговите градоначалници шест месеци не работат ништо

1 min read

Владејачката партија го критикува ВМРО-ДПМНЕ дека промовира проекти на СДСМ, соопштението го пренесуваме во целост:

Христијан Мицкоски промовира проекти на СДСМ затоа што неговите градоначалници 6 месеци не сработеа ништо, така беше и вчера во Охрид кога заедно со градоначалникот Кирил Пецаков промовираа проект на СДСМ.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ немаат реализирано ниту еден важен проект за граѓаните, ги немаат исполнети изборните ветувања и немаат започнато ниту еден капитален проект.

Неработата на градоначалниците од  ВМРО-ДПМНЕ е најприсутна во градот Скопје.

Градоначалничката Арсовска шест месеци нема реализирано ниту еден проект. Нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови и зеленило, откажан е проектот за современ транспорт БРТ, а нема ниту нови 250 еколошки автобуси.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните.

Затоа Мицкоски се заканува со некаква радикализација и блокади, затоа зборува за предвремени избори во време на најголема економска и енергетска криза.

Мицкоски многу добро знае дека рејтингот на партијата вртоглаво паѓа и дека го очекува пораз на редовните парламентарни избори..

СДСМ има план како да ги надмине сите блокади на ВМРО-ДПМНЕ, нема да дозволиме нарачките од Груевски, спроведени од Мицкоски повторно да ја загрозат иднината на државата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вака ја подготвувале нашите баби: Оригинален рецепт за проја

Следно

Стравувања за 60 мртви во руски воздушен напад врз училиште во регионот Луганск

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian