Ретроградниот Меркур почнува на 10 мај: Овие 4 знаци мора да внимаваат, им пристигнува цунами!

4 mins read

Меркур од 10 мај до 3 јуни ќе предизвикува астролошки хаос, вторпат по ред оваа година. Како и обично, можете да предвидите несогласувања, технолошки грешки и доцнења во патувањето.

Меркур се движи ретроградно кај зборлестите Близнаци, во првата половина од неговото движење, додека втората половина од транзитот ќе ја помине во Бик, внесувајќи малку тврдоглавост во нашата љубов и кариера, пишува „Ел“.

Во продолжение откријте на кои 4 знаци ќе има најголемо влијание.

Бик

Работите особено ви се комплицираат за вас во текот на ретроградниот Меркур, Бик. Треба да водите сметка каде ги трошите парите и енергијата. Овој непослушен транзит се преселува во вашата прва куќа на себе и во втората куќа на финансиите и вредностите. Внимавајте на вашите навики за трошење и уште еднаш проверете ја вашата сметка бидејќи има многу потенцијал за брзо губење пари. За почеток, одложете го шопингот за подобро време.

Во втората половина, Меркур влијае на вашето чувство за идентитет, предизвикувајќи големо нарушување на вашата слика за себе. Внимавајте да не паднете во лоши чувства и негативни мисли, обидете се да правите афирмации.

Близнаци

Подгответе се, Близнаци, ви претстои егзистенцијална криза. Ретроградниот Меркур поминува време во вашата прва куќа во текот на првата половина од своето движење, што може да ве натера да ја доведете во прашање вашата цел. Овој ретрограден Меркур ве држи во интроспективен простор, заробен во мислите. Прошетајте во природа и обидете се да се приземјите.

Исто така, овој транзит поминува време и во вашата дванаесетта куќа на потсвеста, што ве прави уште поранливи на измами и илузии. Како што Меркур преминува во Бик, Близнаците ќе треба привремено да го предадат својот социјален живот и да се фокусираат на исцелување.

Девица

Веројатно е добра идеја да се држите подалеку од социјалните мрежи во текот на ретроградниот Меркур, Девица. Тоа е затоа што здодевниот транзит се среќава со вашата куќа на јавниот имиџ, а секој погрешен чекор може да предизвика хаос во вашиот социјален живот.

Можеби треба да се подготвите и интелектуално. Имено, ретроградниот Меркур се инфилтрира во вашата куќа на филозофијата, предизвикувајќи да преиспитате сè што некогаш сте знаеле, а тоа губење на контролата може да биде застрашувачко. Како што Меркур преминува во Бик, Девицата ќе почувствува потреба да избега од вообичаените рутини, но ако е можно, треба да се избегнува патување на долги растојанија или што било што премногу далеку од нивниот вообичаен распоред.

Риби

Ретроградниот Меркур влегува во вашата четврта куќа на дом и семејството, така што драмата во вашиот дом би можела да биде голема во следните неколку недели. Не е време за селење за да не се каете поради новиот стан.

Ретроградниот Меркур исто така влегува и во вашата куќа на комуникацијата, предизвикувајќи екстремна конфузија кога станува збор за изразување на вашите идеи или обработка на информации. Ако не погрешите во вашите зборови, можеби ќе ги сфатите работите дополнително лично во текот на ретроградниот Меркур. Веројатно ќе направите некоја мешаница и ќе зажалите што не ги следевте соодветните чекори и ќе бидете принудени да започнете од почеток.

Меркур е ретрограден од 10 мај: Успорете го темпото за да добиете одговори

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: „Петарда“ на Етихад, Сити во пол-позиција да биде шампион

Следно

Американската амбасадорка се врати во Киев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian