Полицијата уапси скопјанец осомничен за грабеж во аптека

1 min read

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 10.35 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Карпош – Одделение за криминалистички работи Карпош го лишиле од слобода И.И.(45) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 03.05.2022 извршил разбојништво во аптека на бул.„Партизански Одреди“.

Против него биле обезбедени докази и тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

skopjeinfo.mk

Претходно

Ирак, САД и Франција потпишаа договори за увоз на напредно оружје и зајакнување на артилерија

Следно

ВИДЕО: Арсенал сонува Лига на шампиони, Лидс во зоната за испаѓање

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian