Почина Видое Ристовиќ, сопругот на Николина Пишек: Скршената водителка ја потврди трагичната вест

2 mins read

Синоќа по полноќ починал Видое Ристовиќ, српскиот историчар на уметност и животен сопатник на популарната хрватска водителка Николина Пишек. Информацијата за српскиот портал „Нова.рс“ ја потврдила Николина, скршената водителка немала сила да каже повеќе по повод трагичниот настан во нејзиното семејство.

Ристовиќ починал ненадејно, а Брзата помош можела само да констатира смрт. Само четири часа пред смртта, тој на својот инстаграм-профил објавил фотографија од својата ќерка од музеј.

Видое Ристовиќ е роден на 25 јули 1978 година во Белград.

Од првиот брак ја има ќерката Матеа, а во декември 2014 година Николина и Видое ја добија ќерката Уна Софија.

Семејството Ристовиќ живееше и работеше на релација Белград-Загреб. Двојката се венча во септември 2013 година во Монте Карло, а на 2 декември 2014 година добија девојче по име Уна Софија.

Видое Ристовиќ потекнува од богато семејство. Неговиот татко Виктор Ристовиќ, попознат по прекарот Миша Гроф, од 90-тите години се занимава со трговија со уметност и антиквитети.

Видоје и Николина првпат се сретнале во Дубровник, па во Црна Гора, а во Белград сфатиле дека има некаква „хемија“ меѓу нив. Својата врска ја открија во септември 2012 година, кога папараците ги „уловија“ на еден белградски сплав.

Се свршиле два месеца подоцна, а се венчаа во септември 2013 година во Монте Карло. За венчавката во регионот со денови се зборувше, бидејќи тридневната прослава наводно чинела 400.000 евра.

Ристовиќ се занимавал со колекционерство од раната младост, а неговото семејство е најбогатото колекционерско семејство во Србија. Како страсен колекционер и познавач на уметноста, Ристовиќ за време на својот живот собрал дела вредни милиони.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Клоп: Би сакал, но не гледам дека Сити ќе загуби бодови

Следно

ЖРК Куманово запиша победа пред дербито со Ѓорче Петров

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian