Науката одговори на прашањето што ги мачи сите Македонци: Дали провевот е навистина опасен?

5 mins read

Меѓу Македонците постои врежано мислење дека провевот може да нѐ „убие“. Огромен процент луѓе се гушат во зачадени простории не дозволувајќи воздух да влезе преку прозорецот, доколку во исто време е отворена вратата. За секоја појава на вкочанетост, главоболка и разни воспаленија се склони ја обвинат невидливата појава – провевот.

Многумина веруваат дека некои луѓе се почувствителни на провев од другите и сметаат дека поради прекумерна циркулација на воздухот може да настинат.

А, вели науката за тоа?

Лекарите велат дека не се разболуваме поради провевот, туку поради вирусот. Но, тие додаваат дека изложеноста на провев влијае на нашето организам, така што процесите на нашата кожа и под неа се одвиваат процеси коишто може да резултираат со течење на носот или со вкочанет врат.

Провевот е поврзан со т.н индекс на ладење, односно со субјективното чувство на ветровито време на кожата. Колку е поголема брзината на ветерот, толку е помало чувството на температура, односно толку побрзо е ладењето.

„Кога температурата е минус 5 степени Целзиусови, а вие сте некаде надвор и не дува ветер, вашето тело загрева тенок слој воздух во близина на кожата“, објаснил германскиот оториноларинголог Томас Дајтмер, генерален секретар на германското здружение за оториноларингологија, хирургија на главата и вратот.

Како мокар костум во ладна вода

Тој тенок слој воздух ве изолира од студот. Но, студениот ветар што дува по вашето тело ја расфрла таа топлина. Колку посилно дува, толку побрзо телото ја губи топлината и почнувате да чувствувате студ.

Овој ефект се засилува ако вашата кожа е влажна, на пример од пот, бидејќи воздухот што струи влијае на побрзо испарување на влагата и на тој начин побрзо ја „отстранува“ топлината од телото отколку воздухот што е во мирување.

Кога површината на вашето тело ќе се излади во студениот воздух, кој го чувствуваме како провев, крвните садови се стеснуваат, намалувајќи го протокот на крв за да се намали губитокот на топлината од топлата крв.

Тоа може да влијае и на слузницата на носот и грлото. Провевот делува така што ги суши, ја ослабува нивната имунолошка одбрана и ве прави почувствителни на вирусите на настинка, објаснил д-р Дајтмер.

Но, ако сте здрави, нема да се разболите само затоа што сте биле изложени на провев.

Д-р Михаел Дег, член на германското здружение на оториноларинголози (BVHNO), спомнува уште една можна последица од провевот: вкочанетост на вратот, особено при топло време.

„Ако ви е жешко и седите пред вентилатор или многу блиску до клима-апаратот или отворате прозорец додека патувате со автомобил, воздухот што дува низ вашата топла и често испотена кожа може во некои случаи да резултира со напнатост во пределот на вратот“, вели Дег.

Тој додава дека телото со својата температура секогаш се труди да се прилагоди на околните услови.

„На површината на нашата кожа се наоѓаат рецептори кои ја мерат температурата на кожата“, објаснува Дег.

„Проблемот со благиот провев е во то што разликата во температурата е мошне мала, па терморецепторите не успеваат да ја детектираат.

Така се лади кожата, но телото не реагира доволно брзо, што може да влијае на стеснувањето на крвните садови во пределот на вратот и последователно да доведе до напнатост во мускулите долу.

И тогаш што да направите за да „не ве убие провевот“?

Пред сѐ, вклучете ги вентилаторите кога е многу топло времето само накратко и погрижете се да не ви се премногу блиску. За да избегнете ладење од испарувањето на водата на кожата по пливање, веднаш соблечете го влажниот костим за капење.

И иако би можело да ви годи кога целосно ќе ги отворите прозорците на автомобилот во кој се возите, додека сте испотени, подобро да не го правите тоа. А, ако користите клима-апарат, не дозволувајте вентилацијата да дува директно во вас.

Слободно проветрувајте ги просториите и во зима, кога надвор е многу студено. Ако сте здрави, експертите препорачуваат да ги отворите ширум прозорците неколку минути за да овозможите свежиот воздух да влезе во просторијата.

Ако притоа ви е ладно поради ветрот, накратко облечете уште еден слој топла облека или едноставно привремено излезете од собата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕНДЕСА: Димитријевиќ втор стрелец на мечот со Гран Канарија

Следно

МЗ: Успешно се изведува третата трансплантација оваа година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian