Клоп: Би сакал, но не гледам дека Сити ќе загуби бодови

1 min read

Фудбалерите на Ливерпул освоија само бод на „Енфилд“ против Тотенхем (1:1) и иако се вратија на врвот на табелата, немаат големи шанси да поминат први низ целта во Премиер лигата, вели менаџерот на Редси, Јирген Клоп.

Стратегот на „црвените“ е разочаран што неговиот тим не победи на домашен терен за првпат по октомври и ја прекина серијата од 12 последователни победи.

На табелата првото место го делат Ливерпул и Манчестер сити со по 83 бодови, а „граѓаните“ својот меч ќе го имаат денеска на домашен терен против Њукасл.

– Не гледам дека Сити би можел да испушти бодови. Посакувам да размислувам поинаку, но навистина не го гледам тоа. Нашиот проблем не е дали Сити ќе го победи Њукасл, туку фактот што во вторник ни претстои тешко гостување во Бирмингем против Астон Вила – вели Клоп.

Ливерпул во вторник гостува кај Астон Вила, а потоа во сабота го очекува финалето на ФА Купот против Челси.

Распоред на натпревари до крајот на сезоната во Премиер лигата –

Астон Вила – Ливерпул (10 мај)
Саутемптон – Ливерпул (17 мај)
Ливерпул – Вулверхемптон (22 мај)

Манчестер сити – Њукасл (8 мај)
Вулверхемптон – Манчестер сити (11 мај)
Вест Хем – Манчестер сити (15 мај)
Манчестер сити – Астон Вила (22 мај)

Челси има нови сопственици, Абрамович го продаде лондонскиот клуб

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нов рекорд на 6тото издание на HALKECO Skopje RUN 10km!

Следно

Почина Видое Ристовиќ, сопругот на Николина Пишек: Скршената водителка ја потврди трагичната вест

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian