ФОТО | Премиерот на Белгија во центарот на скандал: Ѝ нудел на порно-актерка 4.000 евра за два часа „дружење“

1 min read

Италијанската порно-актерка Евелин Делај (28) открила во текот на на програмата „Non e l’Arena“ на италијанската телевизија дека актуелниот белгиски премиер Александер де Кро ѝ понудил 4.000 евра за два часа услуга.

Делај во оваа прилика ги покажала пораките кои таа и Де Кро ги размениле преку Whatsup.

Како што навела, преписката започнала во 2019 година, во времето кога Кро бил на функцијата вицепремиер и министер за развојна соработка, дигитална агенда, телеком и поштенски услуги.

„Тој ме праша да се најдеме на 24 ноември 2019 година, меѓутоа, поради околностите бев принудена да го одбијам. Сѐ донеодамна, всушност, не ни знаев кој е Кро, сѐ додека еден филмски продуцент од Белгија не ми укажа на тоа дека е премиер – рекла Делај и признала дека Кро повеќе не ѝ се јавувал откако станал премиер, што се случи во 2020 година.

Делај рече дека искрено ѝ е жал што не успеале да се сретнат.

Останува да видиме како ќе реагира семејството на премиерот на овие наводи.

Имено, Александар де Кро е оженет со Аник Пендерс со која има две деца, а „Брисел тајмс“ пред некој ден напиша дека е десетти најплатен премиер во светот со годишна плата од 220. 000 евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стравувања за 60 мртви во руски воздушен напад врз училиште во регионот Луганск

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците од СДСМ немаа проекти, не ги довршија ниту проектите започнати од ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian