ФОТО | Констракта се пофали со првата награда во Торино

1 min read

Српската претставничка на Евровизија, Ана Ѓуриќ Констракта, деновиве е со својот тим во Торино каде на 12 мај ќе настапи на втората полуфинална вечер на Евровизија.

Констракта веќе се закити со награда, од полските медиуми.

Имено, Констракта ја одржа првата проба, по којашто на социјалните мрежи имало пофални зборови. Потоа пристигнало и прекрасно изненадување – наградата на полските медиуми за најкреативен настап.

Фото: Инстаграм/Принтскрин

Оваа вест Ана ја сподели на социјалните мрежи, а многумина се надеваат дека ова е само почеток кога се во прашање признанијата.

Констракта ќе се натпреварува во втората полуфинална вечер, а за премин во финалето ќе се бори со Северна Македонија, Финска, Израел, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка. 

Во текот на првата полуфинална вечер, на 10 мај, ќе се натпреваруваат Албанија, Литванија, Швајцарија, Словенија, Хрватска, Украина, Бугарија, Молдавија, Португалија, Австрија, Грција, Норвешка и Ерменија.

Големото финале на овогодинешната Евровизија ќе се одржи в сабота, на 14 мај.

ФОТО | Констракта мета на критики поради велигденската честитка: Избришете ја објавата!

ФОТО | Констракта мета на критики поради велигденската честитка: Избришете ја објавата!

Песната на Констракта номинирана за најдобар текст на Евровизија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Улична трка низ улиците на Скопје

Следно

Стерјовски: Македонец претседател на Албанија, зошто да не?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian