Ф1: Актуелниот светски шампион Ферстапен триумфираше во Мајами

1 min read

Макс Ферстапен („Ред Бул“), актуелен светски шампион во Формула 1, беше најдобар на петтата трка оваа сезона, Големата награда на САД, во Мајами.

Холанѓанецот стигна до третата победа сезонава пред дуото на „Ферари“, Шарл Леклер – Карлос Саинц, кој го комплетираше подиумот, додека вториот возач на „Ред Бул“, Серхио Перез беше четврти.

Ова е прва Формула 1 трка која се одржува во Мајами, а според договорот ќе биде на календарот во наредните девет години.

Актуелниот шампион ја забележа третата победа сезонава и се доближи до првопласираниот Леклер. Во генералниот пласман води Леклер со 104 поени, пред Ферстапен (85), а трет е Перез кој има 66.

Исто така, треба да се истакне дека дополнителниот поен, за најбрз круг на трката, кој му припадна на Макс Ферстапен. Петтото и шестото место им припаднаа на возачите на „Мерцедес“ Џорџ Расел и Луис Хамилтон, додека седми беше возачот на „Алфа Ромео“, Валтери Ботас.

Следната трка во шампионатот ќе се вози на 22 мај во Барселона, за Големата награда на Шпанија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Андреа Коевска се извини: Немав намера да навредам некого со тоа што го фрлив знамето на земја

Следно

Денеска се празнува светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian