Денеска во 32 коло од најсилното шпанско првенство составот на Валенсија загуби кај Гран Канарија со 89:83.
За гостите македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше втор стрелец со 12 поени, два скокови и шест асистенции за нешто над 16 минути на паркетот.
Поефикасен од нашиот играч беше само Канаѓанецот Оливие Ханлан со 16 поени.
На табелата води Барселона со 50 бодови, пред Реал Мадрид кој има 44, трет е Хувентуд со 42, колку што има и Валенсија на четвртата позиција.
Следен ривал на Димитријевиќ во Ендеса шампионатот е последнопласираниот Сан Пабло Бургос на домашен терен.