Додик: БиХ ја дестабилизираат муслимани од неколку западни амбасади

1 min read

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик оцени дека БиХ е дестабилизирана од муслиманите помогнати од неколку западни амбасади.

Додик на својот Твитер профил напиша дека се друго, како што наведе, е „плод на фантазијата на муслиманскиот преставник во тројното престедателство на БиХ Шефик Џаферовиќ, кој неиспровоциран се најде во високата политика, не знаејќи ништо друго освен да инвестира во западниот дел на меѓународната заедница“.

Додик смета дека Џаферовиќ пред тоа би можел да одговори колку муџахедини лично контролирал во граѓанската војна во БиХ и колку злосторства извршиле, а потоа да остави на светот да процени како е можно некој со таква биографија воопшто да е на слобода.

„Фактот што Џаферовиќ е во Претседателството на БиХ е доказ за ненормалноста во која егзистира БиХ“, изјави Додик

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Неверојатен трик како јагодите да останат свежи и до две недели

Следно

ВИДЕО | Андреа Коевска се извини: Немав намера да навредам никого со тоа што фрлив знамето на земја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian