Чурлинов: Ваквите денови не ги доживувате многу често во животот

1 min read

Шалке ја оствари главната цел сезонава, откако во саботата со пресврт триумфираше над Ст. Паули и со своите навивачи го славеше враќањето во Бундеслигата.

Значаен придонес во тоа имаше и македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов кој помогна со асистенција да биде израмнет резултатот на 2:2 и така целосно ги врати надежите за тимот од Гелзенкирхен.

Следуваше голема радост кај играчите, нашиот играч исто така славеше со верните навивачи на клубот.

Чурлинов е на позајмица од Штутгарт (кој грчевито се бори за опстанок во Бундеслигата), а без сомнение управата на Шалке ќе се обиде со сите сили да го задржи Македонецот во своите редови.

– Ваквите денови не ги доживувате многу често во животот. Минатото лето дојдоа во Шалке 04 со една голема цел, а тоа беше да се вратиме во Бундеслигата. Ова го постигнав заедно со моите соиграчи. Не почнав да паничам кога бевме во негатива од 2:0, знаев дека сепак ќе го добиеме овој натпревар.

Игравме добро во првото полувреме, но не ги искористивме нашите шанси. Стадионот „експлодираше“ кога Родри (Залазар) постигна гол за 3:2. Им благодариме на навивачите за неверојатната поддршка уште еднаш – рече Чурлинов за клупскиот сајт.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Родителите излегуваат на протест: Игралиштето на ОУ „Киро Глигоров“ станува приватна сопственост

Следно

Вака ја подготвувале нашите баби: Оригинален рецепт за проја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian