Конфликтот меѓу момчето на Ким Кардашијан, комичарот Пит Дејвидсон и нејзиниот поранешен сопруг, раперот Канје Вест сѐ уште трае. Имено, по низата јавни напади од страна на Вест, комичарот реши да му одговори за време на неговиот последен стендап настап „Pete Davidson Presents: The Best Friends“.
Комичарот се пошегува на сметка на Канје Вест, така што рече дека го замислува раперот во вилата на Ким Кардашијан, облечен како госпоѓа Даутфајр од истиоимениот филм, во кој главниот лик на актерот Робин Вилијамс се маскира во куќна помошничка за да биде поблиску до своите деца.
„Дали уште некој од вас потајно се надева дека Канје ќе се маскира во госпоѓа Даутфајр? Еден ден доаѓам дома и ми велат: ‘Ова е новата помошничка’. И тој одговара: ‘Како сте, семејство?’“, продолжи тој.