ВИДЕО | Тажна вест: Почина господин Тригер од серијата „Friends“

1 min read

Актерот Мајк Хејгерти, најпознат по улогата на господин Тригер во телевизиската серија „Friends“, почина на 68-годишна возраст. Причината за смртта на актерот сѐ уште не е позната.

Веста ја потврди неговата колешка Бриџит Еверет од серијата „Somebody Somewhere“.

„Со голема тага семејството на Мајкл Г. Хагерти ја потврди веста за неговата смрт во Лос Анџелес. Неговата љубов кон родниот град Чикаго и неговото семејство беше камен-темелник на неговиот живот. Зад Мајк, лојален сопруг, остана неговата сопруга Мери Кетрин, сестрата Мери Ен Хагерти и нејзината сопруга Кетлин О’Рурк и нивната ќерка Мег. Тој ќе им недостига на сите“, напиша Еверет.

„Го засакав Мајк од првиот момент кога го запознав. Тој беше толку посебен. Топол, смешен. Ние сме скршени поради неговата смрт. Мајк беше обожаван од целата актерска екипа и сите оние кои работеа на ‘Somebody, Somewhere’. Нашите мисли се со неговата сопруга и со неговото семејство“, стои во втората објава на неговата колешка, актерката Бриџит Еверет.

Хагерти беше најпознат по својата улога во хумористичната серија „Friends“, во која го глумеше господин Тригер, домарот во станбената зграда во која живееа ликовите Моника Гелер и Рејчел Грин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Марковски ќе биде тренер на женска ракометна екипа во Кина

Следно

Хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа годинава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian