На едно коло до крајот на сезоната во втората Бундеслига, екипата на Шалке ја оствари денеска потребната победа која му обезбеди официјално враќање во елитата.
Иако Ст. Паули водеше по првиот дел со 0:2 на теренот во Гелзенкирхен, домаќините направија целосен пресврт во второто полувреме.
Во тој пресврт придонесе и македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов кој беше асистент во израмнувањето на 2:2 во 71 минута, стрелец беше Терод.
По последниот судиски свиреж следуваше голема радост на играчите на Шалке и секако славје кај нивните навивачи.
Шалке е сигурно прв со 62 бодови, а во последното коло ќе се води голема битка за второто место кое исто така води во Бундеслигата. На второто, односно третото место со по 57 бодови од 33 натпревари се Хамбургер и Дармштад, а на четвртата позиција е Вердер Бремен со 57 бодови, но од 32 одиграни мечеви.
Потсетување дека Чурлинов е на позајмица во Шалке од редовите на Штутгарт. Македонецот во досега 21 настап за Шалке постигна два гола во победите над Падерборн и Нирнберг, против овој вториот тимот на Бускенс ќе ја заврши сезоната.
Schalker for ever! So schnell wechselt man die Mannschaft ohne ihr zu gehören. #Churlinov Fußballer sind halt nicht ganz …….#Schalke pic.twitter.com/WsgENdagsT
— Michael D. (@catenaccio1893) May 7, 2022
@CHURLINOV assist @s04 ! pic.twitter.com/hylGCMtyyb
— dribling.mk (@dribling2021) May 7, 2022
ISSO É ALGO QUE SÓ O SCHALKE TE PROPORCIONA. 💙
SER SCHALKE É A COISA MAIS LINDA DO MUNDO! pic.twitter.com/kfxPjm6C6q
— Schalke 04 Brasil (@FCSchalke04BR) May 7, 2022