ВИДЕО: Реми на Енфилд, Тотенхем го „оддалечи“ Ливерпул од титулата!?

2 mins read

Фудбалерите на Ливерпул не успеаја да го совладаа Тотенхем во дербито на 35 коло во Премиер лигата. Ова е чекор назад за играчите на Јирген Клоп во трката за титулата, иако имаат моментно ист број на бодови со Манчестер сити.

„Граѓаните“ својот меч ќе го имаат в недела и со евентуален триумф дома над Њукасл ќе бидат на три бода пред Редси во пресрет на последните три кола сезонава.

Натпреварот на „Енфилд“ заврши со резултат 1:1, а „црвените“ на крајот мораа некако да освои бод иако редеа напади и можности пред голот на гостите. Ливерпул упати 11 удари кон голот во првото полувреме, но само два од нив беа во рамките на голот.

Вирџил Ван Дајк ја погоди пречката по корнер во 39. минута, а во моментите кога Тотенхем се мачеше да се доближи на половина на противникот, гостите успеаја да направат контра-напад кој за малку не го шокираше Енфилд.

Топката ја погоди стативата по ударот на Хојберг од работ на шеснаесетникот, што беше знак дека Тотенхем нема намера да се брани во текот на сите 90 минути.

Следуваше шок за домаќините, бидејќи Хјунг Мин Сон му донесе предност на својот тим во 56 минута кога Рајан Сесењон ја имаше улогата на асистент.

Титулата тогаш беше со километри далеку од финалистот во Лигата на шампионите, но тоа значеше тотална офанзива од страна на составот на Клоп.

Се исплатеше во 74 минута кога Луис Дијаз шутираше од далечина, а топката по неговиот удар го погоди Бентанкур и го најде патот до голот.

Челси има нови сопственици, Абрамович го продаде лондонскиот клуб

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Убаво португалско име: Кристијано Роналдо и Георгина го открија името на ќеркичката

Следно

Виц на денот: Бивша

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian