ВИДЕО | Констракта за спорните фотографии: Можеби сум игнорантна, но не знаев за буквата Z

1 min read

Српската кантавторка и пејачка Ана Ѓуриќ, позната како Констракта, гостуваше во популарниот поткаст „Agelast“ и зборуваше за спорните фотографии кои РТС ги објави на православниот Велигден.

Имено, се работи за фотосесија на која Констракта позира во близина на две мали масички во форма на латиничната буква „Z“, нешто што многумина го препишаа на т.н. скриена поддршка за Владимир Путин.

Како што вели пејачката, масичките сосема случајно ја добиле формата на буквата „Z“, бидејќи сакале да постигнат одредена симетрија на фотографиите.

„Сакаме симетрија? Аха, имаме тука две масички, кои се лоша копија на столиците на (Герит) Ритвелд, и уште многу други предмети, некои јајца, некои садови за миење, а ништо не беше испланирано во тој момент. Можеби сум игнорантна, но во тој момент не знаев за буквата ‘Z’ во таков контекст. И се случи фотографијата на која има сешто. Иако на моменти е застрашувачка и количината на омраза и количината на обожавање која ја добивме, но на крајот ми беше смешно“, објасни пејачката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарскиот премиер Петков оди во посета на САД

Следно

Украина се подготвува пред очекуваните руски напади за 9 мај: Oвие симболични датуми „за рускиот агресор се како црвеното марамче за бикот“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian