Украина се подготвува пред очекуваните руски напади за 9 мај: Oвие симболични датуми „за рускиот агресор се како црвеното марамче за бикот“

2 mins read

Украинските сили ги зацврстиле своите позиции околу Харков, вториот по големина град во земјата, додека руските сили денеска извршија уште пожестоки напади врз фабриката за челик Азовстал во обид да го освојат Мариупол пред прославата на Денот на победата на Советскиот сојуз во Втората светска војна над нацистичка Германија.

Како што се приближува 9 мај, Денот на победата, градовите низ Украина се подготвуваат за очекуван раст на руски напади, а властите ги повикаа жителите да внимаваат на предупредувањата за воздушни напади.

Украинскиот прв заменик на министерот за внатрешни работи Евхен Јенин денеска изјави дека овие симболични датуми „за рускиот агресор се како црвеното марамче за бикот“ и додаде дека во време кога „целиот цивилизиран свет се сеќава на жртвите на страшните војни, Русија сака паради и се подготвува да игра над коските во Мариупол“.

Најинтензивни борби во последните денови се водат во источна Украина. Западните воени аналитичари наведуваат дека украинската контраофанзива напредуваше околу североисточниот град Харков, а Русите имаат помал успех во Луганск, областа во која сепаратистите поддржани од Москва се борат уште од 2014 година.

Во тој контекст, украинските сили презедоа чекори за да го спречат целосното преземање на Мариупол, со што на Русите би им се обезбедило стратешки важно пристаниште во Азовското Море, кое е и копнеен мост кон полуостровот Крим.

Шест ракети денеска паднаа во околината на Одеса, што кај аналитичарите изроди сомнеж дека руските сили сега фокусот ќе го стават врз ова црноморско пристаниште.

Новите сателитски фотографии покажуваат огромно уништување во челичарницата. Зградите на Азовстал, меѓу кои и онаа под која веројатно се кријат стотици војници и цивили, имаа големи дупки на покривот, се гледа од вчерашните слики направени од Planet Labs PBC .

Спасувачите и денеска се обидуваат да евакуираат што повеќе цивили од Мариупол. Педесетина цивили им се предадени на претставници на Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, потврдија и руски и украински претставници.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Констракта за спорните фотографии: Можеби сум игнорантна, но не знаев за буквата Z

Следно

Чудесно игра Алкараз, го елиминираше и Ѓоковиќ за финале во Мадрид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian