Спасовски: Полицијата може и мора да остане доследна на трасираниот пат на бескомпромисно чување на законот, редот и безбедноста на сите граѓани

2 mins read

Да се биде полицаец, припадник на Министерството за внатрешни работи – е голема чест и огромна одговорност. Јас лично, не само заради должноста што еве веќе неколку години ја извршувам – да бидам на чело на ова министерство – искрено сум верувал и верувам дека тоа е токму така. Но, дозволете да појдам и еден чекор понатаму и да кажам: има времиња во кои просто се очекува од секој припадник на полицијата таа чест и одговорност да ја покажат и докажат повеќе од кога било, рече во својот говор по повод 7 мај – Денот на полицијата, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, манифестација што годинава се одржува во Делчево, известува Слободен печат.

– Тргнувајќи од фундаменталната премиса на секое демократско општество – дека институциите постојат само единствено во интерес на граѓаните, независно на нивните лични определби и ставови, ние воспоставуваме модерни стандарди кои што целосно ќе ја реализираат клучната позиција на институцијата, а тоа е полиција како сервис на граѓаните на Република Северна Македонија, истакна Спасовски.

Следејќи го доследно пулсот на времето, додаде Спасовски, на регионалните и глобалните политички и безбедносни трендови, но и потребите и очекувањата на граѓаните, од сегашна перспектива можеме слободно да заклучиме дека Министерството за внатрешни работи, сите негови организациони единици веќе се етаблираат не само како сервис и партнер на граѓаните, туку и како респектабилен партнер на надворешен план, активно ангажирани во мноштво регионални и меѓународни иницијативи, асоцијации и проекти во речиси сите области од безбедносната сфера, потенцира министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Полицијата, нагласи Спасовски, може и мора да остане доследна ба трасираниот пат на бескомпромисно чување на законот и законитоста, на редот и поредокот, и секако, на сигурноста и безбедноста на сите граѓани.

– Уверен во јасноста на оваа порака, на сите припадници на полицијата да им го честитам денешниот празник, со искрена желба за успех како на личен, така и на професионален план, рече на крајот на говорот на манипулацијата на деното на полицијата, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Тажна глетка: Го врзале кучето за хидрант и го напуштиле

Следно

Берлин ги забрани руското и украинското знаме на Денот на победата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian