Сара Павловска со безглутенски десерт: Чоколадна сирова торта

2 mins read

Сара Павловска е млада девојка која по професија е сметководител, а во слободното време сака да ја изразува својата креативност со експериментирање во кујната.

Вкусните рецепти на Сара можете да ги прочитате на нејзиниот инстаграм-профил @spavlovskaaa кој, патем, е вистинско визуелно уживање.

Овојпат, Сара ни споделува идеја за вегански и безглутенски десерт.

„Потребни ви се 15 минути за подготовка на кората и од 5 до 7 минути за филот. Додадете 30 минути време за печење и од 6 до 8 часа во фрижидер и можете да уживате. Крцкава основа од овес, лешници и бадеми и чоколаден крем што се топи во уста. Покрај тоа, тој е вегански, без глутен и без рафиниран шеќер“, вели Сара.

Потребни состојки:

– 180 гр овес
– 100 гр бадеми
– 70 гр лешници
– 10 меки урми (претходно отстоени во вода)
– 2 лажици сируп по ваш избор
– 1/4 лажичка сол
– 1/2 прашок за печиво
– путер од кикиритки
– 150 гр темно чоколадо
– кокосово масло

Подготовка:

Подгответе ја смесата во тава за тарт (Ø25cm). Доколку не е премачкан, премачкајте со малку растопено кокосово масло или путер. Загрејте ја рерната на 170 степени.

За кората, ставете ги овесот, бадемите и лешниците во блендер, па откако ќе ги соедините, додајте ги урмите, солта, прашокот за печиво и сирупот и мешајте неколку секунди додека не се добие ситна конзистентност. Цврсто притиснете ја смесата во формата за тарт, убаво по рабовите.

Се пече во загреана рерна од 20 до 25 минути, сѐ додека не порумени. Оставете да се излади целосно. Патем, индивидуално е до рерната, погледнувајте ја одвреме-навреме.

За чоколадниот фил, ставете ги чоколадите со малку кокос во тенџере и убаво измешајте. Оставете да се соедини со постојано мешање. Вратете се на средна топлина и динстајте 2-3 минути додека чоколадото малку не се згусне. Тргнете ја тавата од оган и оставете ја да се излади од 30 до 60 минути на собна температура.

Пред да го истурите кремот во изладената кора, премачкајте ја со уште еден слој од путер од кикирики, па потоа додајте го чоколадниот крем. Ставете го во фрижидер најмалку 6 до 8 часа или преку ноќ.

Украсете ја тортата по желба.

Добар апетит!

Сара Павловска со едноставно, а слатко задоволство: Здрава торта со моркови

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Брансон и Дончиќ го водеа Далас до победа против Феникс

Следно

Ден на македонската полиција: Министерот Спасовски положи свежо цвеќе на споменикот во кругот на МВР

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian