Погба би можел да направи неочекуван трансфер!?

1 min read

Англиските медиуми пренесуваат дека играчот од средниот ред Пол Погба е блиску до преселба во редовите на лутиот градски ривал Манчестер сити.

Според „Дејли Мејл“, договорот на Погба со Манчестер јунајтед истекува на 30 јуни 2022 година, а веќе подолго време се зборува за негово заминување од „Олд Трафорд“.

Пеп Гвардиола сака засилување во средниот ред откако веќе е познато дека Фернандињо ќе го напушти тимот на крајот на сезоната, а Французинот се поврзува и со трансфер во ПСЖ и Јувентус.

„Граѓаните“ сигурно ќе треба да побрзаат да го доведат Погба што е можно поскоро, бидејќи притисокот на останатите заинтересирани клубови се зголемува како што се наближува летото.

Играчот на „црвените ѓаволи“ има сезона за заборав, имаше само 27 настапи со еден постигнат гол. Пред неколку недели тој изјави дека сака да оди во клуб кој се бори и освојува трофеи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уапсен скопјанец – кај него пронајдени дрога и оружје

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Херд се „скрши“: Џони Деп ме силуваше со шише и ги извалка ѕидовите со крв

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian