Победа е нов прволигаш, Вардар во последното коло бара „услуга“ од Силекс

2 mins read

Во претпоследното коло од Втората лига – Запад составот на Вардар триумфираше над Силекс со 1:0. Скопските „црвено-црни“ го постигнаа единствениот гол во деветтата минута кога стрелец беше Демир после асистенцијата на Николов.

Вардар предводен од тренерот Грнчаров имаат шанса во последното коло да обезбедат бараж, ќе треба да триумфира на гостувањето кај Кораб, а Силекс, кој веќе е прволигаш, бара „услуга“ да слави против Воска Спорт на која ѝ е потребен само еден бод за да го обезбеди второто место.

2МФЛ – Запад
Резултати: Вардар – Силекс 1:0, Воска Спорт – Беса 1976 3:0, Тетекс – Кораб 3:3, Гостивар – Охрид 0:0, Кадино Скопје – Велешта 1:1.

Табела: Силекс 65 бодови, Воска Спорт 58, Вардар 55, Тетекс 36, Гостивар 34, Беса 1976 32, Охрид 29, Кораб 27, Велешта 18, Кадино Скопје 7.

Последно коло, двојки (14 мај, 17.00 часот): Беса 1976 – Кадино Скопје, Кораб – Вардар, Охрид – Тетекс, Силекс – Воска Спорт, Велешта – Гостивар.

Во Втората лига – Исток Победа оствари нова победа која значеше враќање во елитата. Прилепчани на домашен терен пред со головите на Стомнарски и Димовски беа подобри од ФК Пехчево.

Беласица со голот на Коцев триумфираше над Слога Виница со 1:0. Слога Виница доколку сака место во баражот, во последното коло ќе мора да оди на победа против прилепска Победа, а воедно ќе се надева на пораз на Беласица кај Кожуф Гевгелија.

2МФЛ – Исток
Резултати: Победа – ФК Пехчево 2:0, Беласица – Слога Виница 1:0, Саса – Кожуф Гевгелија 0:1, Осогово – Детонит Јуниор 1:1, Лок. Градско – Братство 07 2:2.

Табела: Победа 59 бодови, Беласица 56, Слога Виница 55, Саса 45, Кожуф Гевгелија 37, Детонит Јуниор 31, ФК Пехчево 30, Осогово 28, Братство 07 15, Лок. Градско 7.

Последно коло, двојки (14 мај, 17.00 часот): Братство 07 – Осогово, Детонит Јуниор – Саса, ФК Пехчево – Лок. Градско, Кожуф Гевгелија – Беласица, Слога Виница – Победа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Среќно заврши драма во Србија: двегодишно дете се изгуби во шума, го најдоа живо и здраво

Следно

Барнс: Путин мисли дека ќе напредува во војната со интензивирање на судирите во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian