Ова е најлошиот утрински пијалак за кожа склона на акни – избегнувајте го

5 mins read

Акните не се само непријатна појава, туку воспалителна состојба на кожата, а кој ги има знае колку е тешко да се ослободите од нив.

Ако вашата кожа е склона кон акни, најважно би било да посетите дерматолог кој ќе го прилагоди лекувањето на вашата кожа и ќе ви даде вредни совети за правилна нега.

Покрај тоа, многу стручњаци за кожа велат дека е потребна и промена на навиките кога станува збор за храната, бидејќи одредени намирници, пијалаци и додатоци можат само да ја влошат состојбата, додека доволен внес на вода може да помогне.

Експертот за акни и дерматолог д-р Џефери Хсу носи неколку вредни совети и предлози за тоа како она што го јадете може да влијае на изгледот и здравјето на вашата кожа.

Дали леденото кафе полно со додатоци е најлошиот пијалак ако ве мачат акни?

Ни претстојат потопли денови, а многумина топлото утринско кафе со задоволство ќе го заменат со постуденото, без разлика дали ќе го подготват во својата кујна или ќе го купат во кафулиња.

Самото кафе нуди многу здравствени придобивки, полно е со антиоксиданти, но и ќе го спречи заморот во текот на денот. Леденото кафе, всушнос, секое кафе не е лошо за здравјето и изгледот на кожата, објаснува Хсу, но тоа што го додавате во кафето може да предизвика појава на акни кај луѓето чија кожа е склона кон тоа, а тука спаѓаат шеќерот, шлагот и сирупите.

Научниците веруваат дека исхраната со низок глихемиски удел може да го забави појавувањето на акните бидејќи нема да дојде до пораст на шеќерот во крвта.

„Токму тој пораст на шеќерот во крвта е одговорен за зголеменото производство на себум, кој е масна супстанција што ја лачат нашите лојни жлезди. Воспалителните процеси и прекумерното производство на себум може да доведат до појава на акни“, додава докторот.

Преку истражувања и студии спроведени во последниве години, откриено е дека луѓето кои се најмногу склони кон развој на акни откако ќе ги исфрлат горенаведените состојки од нивната исхрана, забележале и намалена појава на акни.

„Значи, слободно може да се каже дека пијалаците кои содржат шеќер, но и слатката храна, можат да придонесат за појава на акни на кожата“, предупредува тој.

На прашањето дали треба да избегнуваат шеќерни сирупи во кафето, тој одговорил дека тоа е затоа што кожата е најголемиот орган на нашето тело, а ние сме токму она што го јадеме и дека оваа стара поговорка има многу врска со изгледот и здравјето на кожата.

„Нашата исхрана директно влијае на здравјето на кожата на многу начини, а не само на акните“, додал тој, истакнувајќи дека леденото кафе има многу додатоци како сирупи и млеко и може да придонесе за дехидратација и предвремено стареење.

Забавете го стареењето на кожата со едноставни трикови откриени од дерматолог

Можно поздраво решение вклучува засладувачи без калории, стевија, крем со малку маснотии. Добро решение е и да пиете обично црно кафе.

Што сѐ влијае на здравјето на кожата?

Секое задоволство во умерени количини не може да му наштети на организмот. Сепак, постојат некои кожни болести и кожни состојби кои посилно реагираат на надворешни фактори.

– Мрсната или склона кон акни кожа полошо реагира на млеко и млечни производи, како и на производи кои имаат висок гликемиски индекс (на пример, преработени шеќери).

– Кожата склона кон црвенило посилно реагира на лутата и зачинета храна. Алкохолот поинтензивно ја дехидрира кожата, додека пушењето, освен многуте последици што ги носи, е и причина за предвремено стареење.

– Вежбањето благотворно делува на кожата, пред сѐ, затоа што ја подобрува циркулацијата, но потребна е посебна грижа во текот на вежбање (користење чисти крпи, редовно миење и туширање, избегнување на козметика која ги затнува порите).

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Утре планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето

Следно

ОЈО: Тројца лекари од Струга обвинети за тешки дела против здравјето на луѓето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian