Над 30 улици во Бутел ќе се асфалтираат до крајот на годинава

1 min read

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека во општината се случува голема градежна експанзија

-Асфалтираме 30 улици во општина Бутел во вредност од 20 милиони денари!  Почитувани мои сограѓани ви најавувам дека во престојниот перод ќе започне голема градежна експанзија со асфалтирање на улици во сите населени места во општина Бутел. Општина Бутел без кал е наш приоритет, соопшти тој преку видео изјава. 

Ќе се асфалтираат, реконструираат и ревитализираат повеќе улици и тоа најмногу во Љубанци, населба Радишани,Село Радишани, Љуботенски Пат, Св.Климент Охридски и Визбегово. 

Оваа градежна епсканзија ќе се одвива етапно низ неколку фази до крајот на годината, информираше Костовски. 

Во правата фаза ќе бидат опфатени над 15 улици.

skopjeinfo.mk

Претходно

Припадник на армијата на САД осуден за превезување снимки со детска порнографија

Следно

Челси има нови сопственици, Абрамович го продаде лондонскиот клуб

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian