Мета со порака до Рама: Ништо нема да го спречи откривањето на нарко-владините скандали

2 mins read

На барањето на премиерот Еди Рама, Специјалното јавно обвинителство, СПАК, да почне истрага за албанскиот претседател Илир Мета, кого, како што рече „Албанците сакаат да го видат пред СПАК”, веднаш реагираа од неговиот кабинет.

Портпаролот Теди Блуши, во реакцијата наведува дека времето на „опозитаризмот” искасапен од владината корупција забрзано истекува и дека ништо нема да го спречи разоткривањето на нарко-владините скандали.

Во реакцијата посебн акцент е ставен на споменувањето на судијата Дворани од страна на Рама, кој рече дека СПАК се занимава со него, кој живее во стан стар 90 години, а не со оние кои имаат повеќе вили и друго богатство.

-Сите Албанци со нетрпение чекаат да дознаат што го држи во заложништво „Дворани” и владата со „Дворани” и правдата. Сите Албанци знаат дека Дворани го попречуваше со сите можни средства, намерно и само во име на Рама, пополнувањето на испразнетите места на Уставниот суд, фалсификувајќи, манипулирајќи и кршејќи го Уставот и законите на правдата, само за да обезбеди неказнивост на Рама, наведува Блуши.

Додава дека е официјално докажано дека Дворани го сокрил имотот, но, ветинг-партијата „скандалозно и незаконски ги затвори очите пред ова прикривање на богатството и тоа е факт кој никогаш не може да се прикрие”.

-Прекршувања на Уставот и законот за Дворани на партијата-држава потврди и Венецијанската комисија. Доколку навистина постоеја реформи во правосудството, Дворани ќе требаше да биде прв пред правдата за да ја добие заслужената казна. Сите Албанци сакаат да знаат што го принудува Рама, шампионот на корупција, кој Албанија ја претвори во наркодржава и втора во светот за корупција, да се врати кај адвокатот Дворани, посочува Блуши.

Јасно е, според него, дека заштитата на Дворани во јавноста е јавен повик до судството да не ја нарушува партиската линија во спроведувањето на правдата, зашто во спротивно ќе имаат последици.

-Рама-Дворани и Дворани-Рама се нераскинлив бином на антидржавност, кршење на Уставот и законите, фалсификување службени исправи и зграпчување на државата во име на партијата. Одземањето на државата тргнува од одземањето на опозитаризмот. Ништо нема да ја запре ескплозијата на скандалите на нарко владата, посочува потпаролот на Мета.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Десет училишта од Карпош добија дигитални табли

Следно

Марковски ќе биде тренер на женска ракометна екипа во Кина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian