ФОТО | Внукот на Ѓорге Иванов го прослави својот прв именден

1 min read

Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, стана татко на мало момче во април годинава, а новиот член на семејството Иванови го доби името на својот дедо.

„За многу години денов! Да е здрав и жив Ѓорѓи Иванов Јуниор“, напиша тогаш музичарот Владимир Четкар на фотографијата откривајќи ни го името на новороденчето.

Фото: Инстаграм, Владимир Четкар

Еден месец подоцна, малечкиот Ѓорѓи го прослави својот прв именден, а неговиот татко Иван објави фотографија од нивната прошетка во Градскиот парк во Скопје.

„Св. Георги – Ѓурѓовден, прв именден! За многу години!“, стои во описот на фотографијата.

Фото: Скриншот, Фејсбук

Како потсетување, Ѓорѓи е прво дете на Иван Иванов и неговата сопруга Јана, со која стапија во брак во февруари годинава. Младиот пар направи интимна свадбена прослава, во потесен круг на роднини и пријатели.

Ѓорѓи, нека ти е среќен именденот!

ФОТО | Кулинарска поезија на Иван Иванов: Една е дроб сармата на мама

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: УФЦ борец ја загуби титулата поради 230 грама

Следно

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот без писмени гаранции за тргање на бугарското вето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian