ФОТО | Игор Џамбазов е добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“

1 min read

Актерот Зоран Љутков ја објави веста дека актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ годинава ќе отиде во рацете на актерот Игор Џамбазов, внукот на актерскиот великан Петре Прличко.

„Нема подобар момент за да се нагласи величината на нечиј живот од оној кога личноста се радува за уште еден освоен врв.

Особена чест ми претставуваше што токму денес, на промоцијата на Игор Џамбазов на „Присобрани дела“, како дел од Саемот на книга 2022, во присуство на многу колеги, на мојот пријател и колега му соопштив дека жири-комисијата одлучи тој да биде добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“.

Наградата официјално ќе му биде предадена на 19 мај, на отворањето на новоформираниот театарски фестивал во Велес, а на наше огромно задоволство добитникот на наградата за животно дело, Игор Џамбазов, како единствен наследник на животот и делото на Петре Прличко, даде дозвола тој да се преименува во „5ре“ во чест на неговиот дедо.

Велес е горд на својата култура, на големите имиња кои оставиле трага во минатото која силно одѕвонува до денес. Наше е да ја зачуваме, негуваме и воздигнеме културата која сите не оплеменува. Велес живее!“, стои во објавата на актерот Зоран Љутков.

Фото: Скриншот, Фејсбук

ФОТО | Игор Џамбазов во спомен на неговата мајка и дедо му Прличко: Беше престиж да си на насловна на „Екран“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чудесно игра Алкараз, го елиминираше и Ѓоковиќ за финале во Мадрид

Следно

Заврши евакуацијата на жените, децата и старите лица од челичарницата Азовстал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian