Чудесно игра Алкараз, го елиминираше и Ѓоковиќ за финале во Мадрид

1 min read

Деветнаесетгодишниот Шпанецот Карлос Алкараз игра фантастично, светскиот тенис доби нова голема ѕвезда.

Првиот финалист на турнирот во Мадрид е Алкараз, кој вечерва по повеќе од три и пол часа спектакуларна борба во полуфиналето го совлада првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ со 2:1, по сетови 6:7 (5:7), 7:5, 7:6 (7:5)

Шпанскиот тенисер, кој претходно го елиминираше и Рафаел Надал, во финалето ќе се сретне со подобриот од вториот полуфинален меч помеѓу Александар Зверев и Стефанос Циципас.

Ова беше само прв меѓусебен дуел на Ѓоковиќ и Алкараз и веднаш беше спектакуларен.

Ова е можеби како најава дека во следните неколку години можеби најголемото ривалство ќе биде токму помеѓу Ѓоковиќ и Алкараз кој на 19 години веќе стигна до врвно ниво.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украина се подготвува пред очекуваните руски напади за 9 мај: Oвие симболични датуми „за рускиот агресор се како црвеното марамче за бикот“

Следно

ФОТО | Игор Џамбазов е добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian