ВИДЕО | Твитерџиите ја сотреа: Амбер нема свои зборови, користи филмски реплики на сведочењето

6 mins read

Амбер Херд завчера сведочеше на судењето за клевета што го започна нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп. За време на сведочењето, таа се присети на голем број трауматични и контроверзни моменти во врската со Деп, вклучувајќи го и оној кога тој, наводно, ја удрил за прв пат и ги прегледал нејзините отвори на телото во потрага по дрога.

За жал за Амбер, се покажа дека многумина не сакаат да ѝ веруваат, па дури и експерти како психологот Купер Лоренс тврдат дека нејзиното сведочење „изгледа малку лажно“ и дека „звучи научено“.

Голем број корисници на социјалните мрежи истакнуваат дека 36-годишната актерка во своето сведочење користи цитати од филмови. За време на судењето, сведочењето на Амбер им звучело познато на многумина, а по малку копање сфатиле дека веќе го слушнале.

Според твитерџиите, меѓу искористените извори се „The Talented Mr. Ripley“, „Nothing Hill“, „How High“, „Mildred Pierce“…

– Благодарен сум дека Џони Деп е воопшто жив. Амбер Херд е една од најстрашните жени што сум ги видел. Ова е таа меѓу нејзините „трауматски“ „монолози“.

Ако го гледавте сведочењето на Амбер Херд и се чувствувавте како некои од тие реплики да ви чудно познати, не се лажите. Таа краде од филмови, серии и книги. Еве една нишка од она што сум го видела досега!, напиша една корисничка.

„Амбер: Работата со Џони е што…како сонцето да те огреало и е извондредно. И после те зборава и одеднаш станува многу ладно. Кога го имаш неговото внимание, се чувствуваш како да си единставената личност на светот, затоа сите го сакаат толку многу.

The Talented Mr. Ripley – Марџ: Работата со Дики е што…како сонцето да те огреало и е извондредно. И после те зборава и одеднаш станува многу ладно. Рипли: Учам полека. Марџ: Кога го имаш неговото внимание, се чувствуваш како да си единставената личност на светот, затоа сите го сакаат толку многу.“

@telltheworldjohnny Anyone else notice her quoting movies? These are just a few I was able to pinpoint the clips to. #fyp #fypシ #foryoupage #justiceforjohnnydepp #deppvheard #johnnydepp #amberheardisaliar #amberheard ♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey

– Во еден момент Амбер Херд рече дека Џони ѝ удрил шлаканица, а потоа ѝ рекол: „Попрво би си ја отсекол раката“. Тоа е реплика директно од Милдред Пирс откако таа ѝ удри шлаканица на Веда. Буквално ѝ е преземено од филм.

– Мислам дека „Пие многу чај“ е мимикрија на глумата на Џулија Робертс, кога му се обраќа на Хју Грент во филмот „Nothing Hill.“

– Последниот дел е излезен од „Reservoir Dogs“, лажната приказна што ја раскажува прикриениот полицаец.

– „Знаете колку многу е потребно да се скршат човечки раце“, веше реплика во серија „I am a Kiler“ на „Нетфликс“, во која жена е осудена на смртта казна поради давење на партнерот. Поранешниот ѝ ги скршил рацете на ист начин. Епизодата се вика „In her hands“.

– Цитатот од Амберд Херд кога таа прашала за неговата тетоважа „вино“ и таа тврди дека тој ѝ рекол „мислиш дека е смешно кучко„ е од филмот „High High“.

ВИДЕО | Почна сведочењето на Амбер Херд: Џони ме удри трипати, завршив на подот

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тен Хаг ја одреди судбината на Роналдо во Манчестер јунајтед!?

Следно

СТРАОРНИ СЦЕНИ ОД МАДРИД – силна експлозија во центарот на градот, причината вистинска мистерија (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian