Фудбалерите на Интер победија како домаќини на Емполи со 4:2, во натпреварот од 36 коло на италијанската Серија А.
Стрелци за Интер беа Лаутаро Мартинез во 45 и 64 минута, Алексис Санчез во четвртата минута од судиското продолжение, а автогол си постигна Симоне Ромањоли во 40 минута.
Головите за Емполи ги постигнаа Андреа Пинамонти во петтата и Кристијан Аслани во 28 минута.
Интер е прв на табелата со 78 бодови, бод повеќе, но и натпревар повеќе од второпласираниот Милан. Емполи е на 14 позиција со 37 бодови.
Во следното коло Интер ќе му гостува на Каљари, додека Емполи ќе ја пречека Салернитана.