ВИДЕО: Барди и Леванте ги задржаа шансите за опстанок во „Ла Лига“

1 min read

Фудбалерите на Леванте победија како домаќини против Реал Сосиедад со 2:1 во натпреварот од 35 коло во шпанската „Ла Лига“.

Стрелци за Леванте беа Хорхе Мирамон во 53. минута и Гонзало Мелеро од пенал во 90 минута. Голот за Реал Сосиедад го постигна Давид Силва во 66 минута.

Кај домаќините македонскиот репрезентативец Енис Барди настапи од 62 минута какоа замена за Гомез. Леванте ја забележа шестата победа во шампионатот и се наоѓа на претпоследната, 19 позиција на табелата со 29 бодови. Реал Сосиедад е на шестото место со 56 бодови.

Леванте математички има уште шанси да опстане, но за тоа му треба чудо. Леванте треба да победи уште два натпревари и да се надева на порази на Мајорка, Кадиз и Гранада.

Во следното коло Леванте гостува кај Реал Мадрид, додека Реал Сосиедад ќе го пречека Кадиз.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски е оптимист за лидерска средба пред 10 мај

Следно

Дневен хороскоп за 7 мај: Физичката привлечност не треба да се меша со љубов на прв поглед

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian