ВИДЕО: 30 ексклузивни секунди од втората проба на Андреа во Торино

1 min read

Македонската евровизиска делегација на чело со евровизиската претставничка Андреа Коевска се наоѓа во Торино, Италија. Андреа претставувајќи ја нашата земја на 12 мај ќе застане на големата евровизиска сцена изведувајќи ја песната „Circles“.

По успешната прва проба на евровизиската сцена во Торино која се случи пред неколку дена, нашата претставничка Андреа, по вторпат ја искуси сцената во арената „Пала Олимпико“.

Таа ја имаше својата втора проба, а на официјалниот Јутјуб канал на Евросонг предмалку беше споделено видеото кое содржи 30 ексклузивни секунди од втората проба на Андреа.

Андреа на вистински начин го истакна моќниот вокал, сигурноста на сцената и длабоките емоции, а тоа го потврдија и пофалните зборови кои можат да се прочитаат во коментарите под видеото.

Во коментарите многумина и посакаа среќа, а истото ќе го направиме и ние…

Стискаме палци!

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се менува фудбалот поради еден момент од натпреварот Сити – Реал?

Следно

Петровска: Заслужува поголемо внимание улогата на комисиите за помилување на министерството за правда и на Претседателот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian