Со богата програма Кисела Вода вечерва ќе го одбележи патронот на општината

1 min read

Денеска, на големиот христијански празник Свети Ѓорѓија, општина Кисела Вода го прославува својот патронат.

Годинешното празнување, под ќе се одвива пред Домот на култура “Билјана Беличанец”- Кисела Вода со почеток во 18:00 часот. Програмата содржи низа  културно-забавни случувања кои ги допираат сите генерации.

Во Домот на културата ќе биде отворена изложба на плакати и фонтови од Лазе Трипков и Ласко Џуровски, детската актерска екипа од “Дајте музика”, од училиштето за деца актери на Весна Бејби Петрушевска, ќе изведе театарска претстава во чест на Горан Стефановски, музичко-сценски настап ќе има Виктор Апостоловски – “Супермен”, а за крај е предвиден музички сет на Ди Џеј Манов. Во склоп на настанот, здружението “Гоу Грин” ќе има еко перформанс. Имено активистите од оваа организација ќе возат велосипеди, а струјата што на тој начин ќе ја произведат ќе се искористи за озвучување на настанот.

-Ги покануваме сите наши жители, но и сите останати кои сакаат да поминат една убава вечер, да бидат дел од празнувањето на патрониот празник на Општина Кисела Вода, стои во поканата од општина Кисела Вода. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Германија испраќа самоодни хаубици во Украинa

Следно

Официјално: Артета го продолжи договорот со Арсенал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian