Се менува фудбалот поради еден момент од натпреварот Сити – Реал?

3 mins read

Судијата Даниел Орсато од Италија предвреме отсвири крај, а поради тоа фудбалски натпревар во иднина би можел да изгледа сосема поинаку. Полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ сигурно ќе остане запаметен како еден од најдраматичните во историјата.

Со двата гола на Родриго во 90 и 91 минута од играта, мечот отиде во продолженија, а таму „кралскиот клуб“ со голови Бензема обезбеди финале, овој меч ќе се памети долго, но истиот може да ги промени основните поставки на фудбалската игра. Поради еден детал кој многумина не го ни забележаа, познатиот англиски судија Марк Клатенбург бара драстична промена на правилата!

Судијата Орсато отсвири крај на натпреварот на скоро 10 секунди пред крајот! Беа покажани три минути продолжение, но на 10 секунди пред истекот се слушна последниот судиски свиреж. Поради тоа Пеп Гвардиола збесна по мечот, а освен тоа многумина сметаа дека Реал многу ја задржуваше играта и дека требаше да се додаде уште време на крајот од натпреварот.

Клатенбург смета дека ова е голем проблем, но има решение кое им го понуди на ФИФА и ИФАБ, телото задолжено за промена на правилата.

– Мислам дека има решение за сето ова, а тоа се 60-минутни натпревари со запирање на часовникот. Тоа е идеја што моментално ја разгледуваат Пјерлуиџи Колина, ФИФА и ИФАБ.

Тоа функционира во кошарката, а би можело и во фудбалот. Часовникот ќе биде паузиран кога топката ќе излезе од играта, на пример, или ако има повреда што предизвикува одложување, или судијата доделува жолт картон, па се чека да продолжи натпреварот – го објасни својот пример англискиот судија.

Клатенбург објасни дека во Премиер лигата оваа сезона топката била во игра во просек по 55 минути и три секунди.

Чудна идеја на ФИФА: На Мундијалот во Катар натпреварите ќе траат 100 минути

Најмалку активна игра имаше на натпреварот меѓу Вест Хем и Брентфорд, само 41 минута и 33 секунди, а дуелот помеѓу Манчестер сити и Барнли траеше 65 минути и 42 секунди.

– На тој начин секој натпревар би траел исто и би се ослободиле од оваа полемика. Барем да гледаме еден час квалитетен фудбал на теренот – вели Клатенбург.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Криминалец од Турција пронајден во Скопје

Следно

ВИДЕО: 30 ексклузивни секунди од втората проба на Андреа во Торино

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian