Парма ја заврши сезоната со триумф, Пандев не беше во составот

1 min read

Денеска во својот последен натпревар оваа сезона во италијанската Серија Б екипата на Парма славеше со 0:1 против Кротоне.

Стрелец на единствениот гол беше аргентинскиот интернационалец Вазкез во 30 минута од средбата. За гостите во составот не беше поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев поради повреда.

Парма и следната сезона ќе игра во Серија Б, тековната ја заврши со учинок од 11 победи, 16 нерешени и 11 порази (гол разлика 48:43).

Нашиот „Гранде“ Пандев сезоната ја започна во Џенова (20 настапи), па се пресели во Парма во чиј дрес во шампионатот имаше 11 настапи и еден гол во триумфот над Порденоне.

Како што и самиот најави, на крајот од оваа сезона Пандев ќе ја заврши фудбалската кариера.

Тоа не се случи протов Кротоне, неговиот последен настап го имаше на 30 април на домашен терен во ремито против Алесандрија кога одигра едно полувреме.

Останува да се види дали навистина Пандев ќе одлучи да се пензионира ова лето, или ќе ја искористи опцијата во договорот со Парма да ја продолжи соработката на дополнителни 12 месеци.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Најмалку осум загинати и 30 повредени во експлозијата во хотелот „Саратога“ во центарот на Хавана

Следно

Меркур е ретрограден од 10 мај: Успорете го темпото за да добиете одговори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian