Најмалку осум загинати и 30 повредени во експлозијата во хотелот „Саратога“ во центарот на Хавана

1 min read

Најмалку осум лица загинаа, а 30 се повредени во експлозијата во хотелот “Саратога“, во центарот на кубанската престолнина Хавана, соопшти кубанската влада на Твитер, пренесе Тасс.

Фасадата на хотелот со „5 ѕвезди“, што има 96 соби, два ресторани и базен на покривот, беше сериозно оштетена од експлозијата во 11 часот по локално време (15 часот по Гринич), пренесоа француските меидуми.

„Според првичните наоди, се повикуваме на верзијата дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас“, јави кубанското претседателство на Твитер.

Над булеварот Прадо, каде што се наоѓа хотелот, се крева огромен ѕид од чад.

Во експлозијата се уништени и повеќе автомобили што биле во близина на зградата.

На местото на експлозијата веќе пристигнале кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, како и премиерот Мануел Мареро и претседателот на парламентот Естебан Ласо.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Директорка на штипска градинка ги намалила платите поради штрајкот, вработените протестираа

Следно

Парма ја заврши сезоната со триумф, Пандев не беше во составот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian