Маратонецот Стојчев прв на ледената трка во Арктичкиот Океан

1 min read

Бугаринот, кој во Македонија е познат како рекорден 11-кратен победник на Охридскиот маратон, по трката во ледените води четири часа не можел да си дојде на себеси

Познатиот бугарски пливач маратонец Петар Стојчев (45) забележа уште еден голем успех во својата богата кариера. Тој е победник на трката од календарот на Меѓународната асоцијација за пливање во ледени води (ИИСА) што се одржала во Арктичкиот Океан, во близина на норвешкиот остров Свалбард.

Стојчев патеката од 1.000 метри ја испливал најбргу и ги оставил 19. конкуренти од повеќе земји од светот зад себе. Бугаринот ја испливал патеката за време од 14:25 минути.

Трката се одржала во тешки услови со температура на водата еден степен под нулата, а температура на воздухот од – 15 степени целзиусови. На македонската јавност Стојчев и е најмногу познат како рекорден 11-кратен победик на Охридскиот пливачки маратон.

– Ова беше мојата најтешка трка во вакви услови. Толку беше ладно што на крајот на трката останав четири часа без чувство во прстите и едвај зборував. Организацијата беше одлична и ништо не беше препуштено на случајот – изјавил Стојчев по трката, а пренесува спортал.бг.

Бугаринот е светски првак на патеката од 25 километари на отворени води во 2011 година и европски првак на истата патека во 2012 година. Последниве години се натпреварува во пливање во ледени води и е најуспешниот пливач во овој екстремен спорт.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Две лица од Скопје пријавени дека исчезнале

Следно

Анегдоти од животот на Ѓорге Балашевиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian