Манекенка и членка на Менса: Ако некој сака да излезе со мене, прво мора да направи тест за интелигенција

3 mins read

Манекенката Кендис Клос (21) од Њујорк е членка на Менса, меѓународна организација со само еден услов за членство – резултат на стандардизиран тест за интелигенција повисок од 98% од вкупното население.

Пред да излезе на романтичен состанок, Кендис од потенцијалниот партнер бара да направи тест за интелигенција и да ја задоволи во тој поглед, пишува „Daily Mail“. Кендис, која е член на Менса од својата 17-та година и има 109.000 следбеници на „Инстаграм“, не сака да губи време со некој кој не ја споделува нејзината страст за предмети како математика, економија и наука.

Според скалата на коефициентот на интелигенција, оценката од 120 до 140 се класифицира како многу супериорна интелигенција, додека сè што е над 140 се смета за гениј. Нејзиниот коефициент на интелигенција е 136, а признава дека мажите често се плашат од нејзината интелигенција.

Кендис го напуштила факултетот во 2011 година за да стане модел, а исто така открила дека ако потенцијалните партнери не го положат тестот, се откажува дури и ако има хемија меѓу нив.

– Сакам да се уверам дека вреди да се оди на втор состанок со нив. Има многу мажи кои се привлечни, но ако не се интелигентни, веќе не се ни привлечни. Како да уживате во времето со некого ако не можете да се поврзете преку разговор – вели Кендис.

Споделувајќи ги нејзините понатамошни очекувања од идните партнери, Кендис рече дека оние што ќе го поминат тестот за интелигенција ќе треба да бидат во тек со актуелните настани и да знаат математика, финансии и наука.

– Некои луѓе не сакаат да ги следат актуелните настани. Сметам дека е привлечно кога некој е во тек со настаните, како и со емоционалната интелигенција и духовитоста. Како што растев, бев голема бубалица во науката и математиката и сè уште го сакам тоа. Мојот потенцијален партнер мора да биде натпросечен. Не мора да бидете експерт по математика, но треба да бидете способни да водите разговор и да бидете исклучително паметни барем во една тема. Ме привлекуваат интелигентни мажи кои имаат добра смисла за хумор, авантуристи, директни и забавни – изјавила манекенката.

Таа неодамна ја красеше насловната страница на јужноафриканското издание на „Плејбој“, а мажите често ја „потценуваат“. Во повеќето случаи, тие претпоставуваат дека е глупава затоа што изгледа добро и е модел, но таа вели дека не ѝ пречи.

– Сакам да им докажувам дека грешат. Кога ќе сфатат дека не сум глупава, тоа често ги плаши – вели Кендис.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија има европски шампион во Велнес-Фитнес за 2022 година

Следно

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски е оптимист за лидерска средба пред 10 мај

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian