Костовски најави повеќе проекти за во Скопје-Север

1 min read

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, вчера се сретна со дел од жителите од населеното место Скопје – Север, на која се разговарало за нивните потреби и барања.

– Наскоро започнува уредување на големиот паркинг, негово бележење и средување, санирање и крпење на дупките. Во процедура е и проектирање на пешачките патеки пред влезовите на станбените единици. По завршување на проектирањето за скоро ќе започнат и градежни активности и изработка на пешачки патеки со павер елементи, посочи Костовски по средбата. 

Тој најави дека наскоро ќе излезе и јавниот повик за промена и изработка на нови фасади и промена на кровови кој ќе ги опфати и станбените единици и од Скопје – Север.

skopjeinfo.mk

Претходно

ФАО: Најмалку 25 милиони тони житарки чекаат извоз од Украина

Следно

За Милановиќ укинувањето на имунитетот на министрите е „ужасно опасен потег“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian