Кипријановска: На ЕП имаме искусни ривали, зошто да не направиме некое изненадување

2 mins read

Македонската женска сениорска ракометна репрезентација годинава на Европското првенство 2022 ќе игра во групата „Ц“ заедно со Франција, Холандија и Романија.

Македонија, Словенија и Црна Гора ќе бидат домаќини на следниот континентален собир кој ќе се одржи од 4 до 20 ноември 2022 година.

Нашите ракометарки предводени од селекторот Љубомир Савевски пред одржувањето на жрепката за ЕП одигра контролни мечеви во рамките од ЕХФ неделата против актуелниот европски и светски шампион Норвешка, Словенија, а претходно и со Црна Гора.

Против Норвежанките настапи и десниот бек Јована Кипријановска, која ги брани боите на ЖРК Куманово, а од следната сезона ќе настапува во Франција за екипата на Самбре Авенуа.

Потекнува од школата на ЖРК Куманово и е член во клубот од 2010 година првин кај тренерот Александар Јовановиќ, а потоа продолжува кај тренерот Димитар Антевски. Има освоени многубројни признанија и титула во кадетска и двојна круна во сениорска конкуренција.

Македонија ги дозна ривалите на ЕП, групата ќе се игра во Скопје пред нашите навивачи, какви се шансите за пласман во главната фаза каде што одат по три репрезентации?

– Тоа што ќе играме во Скопје пред нашите навивачи е уште поголем поттик за нас за да се бориме да поминеме понатаму. Ќе работиме напорно овие неколку месеци и сум сигурна дека сите девојки ќе пружат максимум и се надевам само на позитивни резултати. Во група сме со многу искусни репрезентации кои играат на највисоко ниво. Ќе биде еден голем предизвик за нас, но ќе се спремиме и зошто да не направиме некое изненадување – ни изјави Кипријановска.

Имавте и контролни мечеви во рамкие од ЕХФ Евро куп (ЕХФ недела) против Норвешка и Словенија, колку тие значеа за репрезентацијата?

– Сите контролни натпревари беа од големо значење за нас бидејќи можевме да играме со најдобрите и да споредиме до каде сме и на што треба да работиме повеќе – вели Кипријановска.

Започна продажбата на билетите за Европското првенство 2022

Ракометарките ги добија најтешките противници на ЕП 2022

Франција е првиот противник на Македонија на ЕП 2022

ВИДЕО: Македонската репрезентативка Кипријановска со трансфер во Франција

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Црна Гора ги намалува акцизите за гориво, укинува ДДВ за основните намирници, ги зголемува цените на цигарите

Следно

ФОТО | И Ким Кардашијан „падна“ на згодниот Стјепан Хаусер: Виолончелистот во друштво на старлетата и Илон Маск

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian