ГОЛЕМ ЧОВЕК: Српски спортист донираше пола милион евра за лекување на малиот Вукан

1 min read

Неименуван српски спортист платил половина милион евра за лекување на малиот Вукан Стоиљковиќ, кој боледува од спинална мускулна атрофија.

Деветмесечниот Вукан боледува од спинална мускулна атрофија, а помош за лекување доаѓа од различни страни.

Во родниот град на Вукан, Врање, речиси секојдневно се организираат кампањи за собирање средства, а во голем број објекти во градот се делат кутии во кои граѓаните можат да ги остават своите донации.

Таткото на Вукан за српските медиуми потврдил дека неименуван српски спортист донирал половина милион евра и посочува дека нема зборови кои би покажале доволно благодарност.

На малиот Вукан му е потребен лекот Золгенсма, а терминот во болницата во Унгарија е закажан за 18 мај.

Дотогаш потребно е да се соберат преостанатите средства, во износ од околу 950.000 евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Продолжуваат преговорите за формирање на новата Влада на Словенија

Следно

Интервју со Андреа, Ана и Рената: Постои синергија меѓу нас, уживаме додека се подготвуваме за Евровизија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian