ФОТО | Кулинарска поезија на Иван Иванов: Една е дроб сармата на мама

1 min read

Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и првата дама Маја Иванова ги пофали кулинарските способности на својата мајка посветувајќи и поема.

Иван, кој инаку е универзитетски професор на Балканскиот интернационален универзитет, освен во музиката и гитарата е вљубеник и во пишаниот збор, а тоа го потврди и со својата неодама издадена збирка поезија „Невино време“.

На својот Фејсбук профил тој постави фотографија од специјалитет кој го подготвила неговата мајка, Маја.

Како што Лео ја беше Лиза сликал,

Како што Лудвиг радоста во ода ја бликна,

О, како што Фелини ни го покажа Долче Вита,

Така Маја, Дроб Сармата ја свитка!, напиша Иванов.

Иван со неговата сопруга Јана на почетокот на месец април го добија првото дете, синот Ѓорѓи, кој како што налагаат старите обичаи е крстен според името на неговиот дедо, поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Белград пред две години демонстрирале руски паравоени сили Вагнер, тврди функционер на партијата на Вучиќ

Следно

Каракамишева: Штетно е толкувањето на Пендаровски дека Законот за амнестија ги изедначува припадниците на ОНА со бранителите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian