Црна Гора ги намалува акцизите за гориво, укинува ДДВ за основните намирници, ги зголемува цените на цигарите

1 min read

Во Црна Гора горивото ќе поевтини за над 20 центи по литар, а привремено ќе се укине или намалува данокот на додадена вредност на основните прехранбени производи, откако синоќа Собранието ги донесе измените на законот за тоа.

Измените на Законот за акцизи и на Законот за данокот на додадена вредност ги подготви претходната Влада, а новата остана со речиси истите предлог решенија.

Предвидено е намалување на акцизите на горивото до 50 отсто, времено укинување на ДДВ за брашно и масло за јадење, а ДДВ-то за сол се намалува на седум отсто.

Министерот за финансии Александар Дамјановиќ најави дека акцизите на горивата засега ќе се намалат за 40 отсто, што по сегашните цени би значело намалување на цената на дизелот за 21,3 центи и на бензините за 26,6 центи.

Новите цени на горивата се очекуваат в понеделник или вторник.

Собранието одлучи од 1 јуни да поскапи цената на кутија цигари за околу 10 центи.

Дел од пратениците изразија сомнеж дека граѓаните ќе имаат корист од понискиот ДДВ за основните намирници, бидејќи сметаат дека трговците нема да ги намалат цените.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Принова во скопската Зоолошка – се роди овој тробоен убавец!

Следно

Кипријановска: На ЕП имаме искусни ривали, зошто да не направиме некое изненадување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian