Загина уште еден украински новинар кој се бореше против руските сили- еве што кажа Зеленски за него

1 min read

Загина украински новинар, кој се пријави во војска по руската инвазија на Украина, информираше украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Триесет и шестгодишниот Олександар Махов го изгубил животот во борбите близу градот Изум, североисточна Украина.

Махов е осмиот новинар жртва, од почетокот на руската инвазија, пред повеќе од два месеца.

Станува збор за новинар познат по графичките прикази од конфликтните зони, кој исто така известувал и од Антарктикот. Се борел и во конфликтот од 2014 година во Доњецк и Луганск.

– Секогаш беше меѓу најхрабрите, меѓу првите во редот, истакна Зеленски во своето видео обраќање во раните утрински часови.

kurir.mk

Претходно

САД: Време е Северна Македонија и Албанија да продолжат заедно во следната фаза од процесот на пристапување во ЕУ

Следно

Пред да почнете да пиете колаген, стручњаците укажуваат на 10 работи што треба да ги знаете

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian