ВМРО-ДПМНЕ пет години не плаќала данок за „белата палата“

1 min read

ВМРО-ДПМНЕ од 2017 година немала платено данок за зградата на партиското седиште во центарот на Скопје, таканаречената „бела палата“, објави БИРН, цитирајќи нови докази кои денеска ги предложи обвинителството во случајот „Талир 2“.

Обвинителот Љубомир Лапе утрово во Кривичниот суд на судот му предложи дополнување на доказите на судењето за предметот, кој се однесува на противзаконската градба на партиската зграда. Според листата со нови докази, ВМРО-ДПМНЕ дури годинава го платила данокот на имот за седиштето на партијата за периодот од 2017 до 2021 година.

Обвинението против поранешниот претседател на партијата Никола Груевски и поранешниот генерален секретар, Кирил Божиновски, се однесува на начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ дошла до имот вреден 8,2 милиони евра.

Меѓу новите докази се најдоа и решенија од Град Скопје за платен данок на имот за седиштето на партијата.

„Со овој доказ сакаме да го побиеме сведочењето на Коце Трајановски“, рекол според БИРН обвинителот Лапе, појаснувајќи дека поранешниот градоначалник на Скопје, пред судот изјавил дека партијата редовно плаќала данок на имот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На Кејт Мидлтон ѝ е забрането да јаде компири! Наредбата доаѓа од кралицата Елизабета

Следно

Мишел: ЕУ треба да го продаде имотот што го заплени од руските олигарси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian