ВИДЕО: „Жешките“ рутински против Филаделфија, Феникс води 2:0 со Далас

1 min read

Кошаркарите на Мајами изминатата ноќ на домашен терен ја совладаа ослабената Филаделфија (без првата ѕвезда Џоел Ембид) со резултат 119:103 и така поведоа со 2:0 во полуфиналната НБА плеј-оф серија на Источната конференција.

Најдобар кај „жешките“ беше Бам Адебајо со 23 поени и девет скокови, кош помалку (12 асистенции и шест скокови) имаше Џими Батлер.

Кај Сиксерси доминираше Тајриз Макси со 34 поени, а го следеа Тобајас Херис и Џејмс со по 20 поени. Третиот меч ќе се игра в сабота во Филаделфија.

Феникс исто така има предност од 2:0 против Далас, на вториот дуел славеа „сонцата“ со 129:109 најмногу благодарнеие на одличната партија на Девин Букер со 30 поени (четири скокови, шест асистенции).

За Маверикси повторно беше најефикасен Словенецот Лука Дончиќ со 35 поени, пет скокови и седум асистенции. Наредниот меч ќе се игра за два дена во Далас.

НБА плеј-оф, резултати –

Мајами – Филаделфија 119:103 (2:0)
Феникс – Далас 129:109 (2:0)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ, Курти и Лајчак на вечера во Берлин разговараа за продолжување на дијалогот

Следно

Интервју со Мартина Димоска: Македонката што го освојува вселенскиот сектор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian