Најпознатата песна на хрватската рок-група Прљаво казалиште, „Ту ноч кад си се удавала“ стана голем регионален хит на почетокот од деведесеттите години на минатиот век.
Оттогаш кружи приказната дека пејачот Јасенко Хоура ја напишал оваа песна откако се вратил од војска. Наводно, тој имал девојка која му ветила дека ќе го чека додека не отслужи двегодишна воена служба.
Кога се вратил од војска, Хоура и неговата музичка група биле ангажирани за музиката на една свадба. На крајот, испаднало дека невестата е токму неговата девојка која, сепак, не го исполнила ветувањето.
Исто така, според чаршиските гласини, девојката си го одзела животот по свадбата, а Хоура никогаш не проговорил јавно за оваа тажна приказна.